Дизајнерката Лидија Георгиева се претстави на ревијата „Јованка во мода“ во Палата Србија во Белград, групна ревија со која кулминираше 50-тото издание на Белградската модна недела (L’Oreal Fashion Week) во организација на модното студио „Клик“. Оваа посебна ревија е омаж на ликот и делото на некогашната прва дама Јованка Броз, а симболично се одржа на поранешниот Ден на републиката – 29 ноември.
На ревијата свои дизајни претставија 2о-тина креатори од поранешните југословенски републики, единствен претставник од Македонија беше нашата модна дизајнерка Лидија Георгиева која настапи заедно со компанијата Zavar Design, со интересен концепт и интерпретација на темата.
-Голема чест и привилегија беше да се учествува на ваков настан. Самото место на одржување беше несекојдневно и импресивно, полно со измешани емоции за сите нас, и учесниците и публиката. Историскиот карактер и дизајн на овој центар на моќ, изграден од Тито, е и денес уредно сочуван, со огромни уметнички дела, слики, скулптури и декорација, па целосниот впечаток е навистина едно нуркање во минатото, на достоинствен начин и со почит. На ревијата имаше 40-тина дизајни, меѓу кои нашите беа доста забележани, добивме многу комплименти од сите страни. Изработени се од историски материјали кои биле сопственост на Јованка Броз, едниот изглед е геометриски строго обмислена пелерина и пантолани од зелена шантунг свила. Другиот изглед е фустан од луксузен свилен брокат со историски референци од средината на минатиот век. Целокупниот дизајн е обмислен со концепт на Златен кафез, такашто и двата изгледи се заокружени со уникатни модни додатоци изработени во соработка со Марта Наумовска Грнарова од Zavar Design. Со помош на нејзината инженерска и креативна енергија, им дадовме приказна на овие дизајни, кои беа забележани уште од самиот почеток. Ние таму настапивме како екипа од нашата земја и слободно можам да кажам од името на двете, дека имавме историски егзотично и уникатно искуство. Модата е навигација меѓу минатото и иднината, а во овој случај спој на дизајнерски и инженерски вештини – ијави Лидија Георгиева за Stylist.mk.
Публиката во Палатата Србија имаше можност да види модели создадени специјално за оваа пригода од дизајнери од целиот регион на поранешна Југославија. Овие уметници создадоа уникатни модели инспирирани од софистицираноста и елеганцијата, но и од партизанските денови на првата дама, која своевремено беше иницијатор и претставник на домашната модна индустрија. Посебна вредност на креациите им дава фактот што се дизајнирани од оригинални ткаенини кои Јованка Броз ги добила на бројните патувања со Тито. Организаторите на белградската модна недела им должат голема благодарност на семејствата Будисављевиќ и Алексиќ, наследниците на наследството на Јованка, кои ја поддржаа оваа идеја и ги дадоа овие материјали на креативците.
Една од идеите на ревијтата „Јованка во боја“ е да се истакне моќта на модата како уметност – затоа што модата е уметност – што е и пораката на јубилејната 50-та модна недела во Белград Како што може да се види на примерот на Јованка Броз – моќта на модата оди подалеку од обичната облека, но може да биде и дел од културната дипломатија. Оваа ревија, како почит на Јованка Броз и нејзиниот моден тестамент, е дел од поголемиот проект „Колекција на првата дама – Јованка Броз“, во чии рамки е предвидена и голема модна изложба. Иницијатор на проектот е Мирјана Менковиќ, кустосот на наследството на Јованка, чија посветена професионална работа на најдобар можен начин го зачувала сето она што останало од ова наследство.
Отворајќи ја оваа вечер, Ненад Радујевиќ, основачот на Белградската модна недела, рече: „Оваа ревија не е само за стилот на Јованка Броз, туку и за нејзиното влијание врз модата, бидејќи таа значително влијаеше и на развојот на текстилната и модната индустрија во Југославија и тоа првенствено поради оснажнувањето на жената во социјализмот. Затоа овој омаж на Јованка Броз е дел од нашиот јубилеј, бидејќи и таа е важен дел од нашата модна традиција на која се темели успехот на Белградската модна недела. Драго ми е што покажавме како новото културно наследство може на одличен начин да ги инспирира и поврзува уметниците низ нашиот регион – а потоа ја разнеежни публиката со порака. И на крајот ќе ве потсетам дека секое време има свое позитивно достигнувања и дека јас добро се сеќавам на оние пионерски заклетви – дека ќе учам и ќе работам посветено, ќе ги почитувам родителите и постарите, ќе бидам верен и искрен пријател кој останува доследен на својот збор… Вечерва сакам да се сетам токму на оние стари добри вредности кои некако ги забораваме во ова ново, брзо време. Сè уште останувам на зборот за добрата организација на модната недела“.
Покровителка на ревијата, првата дама на Србија Тамара Вучиќ, даде сесрдна поддршка за реализација на овој настан, а во своето обраќање до присутните испрати важна порака: „Оваа вечер е почит на жената која од воена униформа скокна во женска фустани, со истиот успех носејќи аура на храброст и елеганција. Но ова е и вечер на препознавање на важноста на дипломатијата и меката моќ и одговорноста што сите ја имаме во оваа смисла. Сите ние ја претставуваме нашата земја на повеќе нивоа и начини. Врз основа на нашето однесување, став, нашиот стил, може да се извлечат бројни заклучоци за целата нација. И тоа не се тривијални работи. Напротив.“
Покрај Лидија Георгиева, на ревијата се претставија дизајнери од регионот како Игор Тодоровиќ, Тамара Радивојевиќ, Ана Љубинковиќ, Елфс, Марко Фехер, како и седум автентични фустани од гардеробата на Јованка Броз, како и оригинална воена униформа од воената 1944 година, која ги одушеви присутните, вклучително и нејзината сестра г-ѓа Нада Будисављевиќ. Покрај манекенки на пистата, главно автентичните креаци на Јованка ги носеа и познатите Ана Ѓуриќ Констракта, Александра Јанковиќ, Лена Богдановиќ, Јелена Ќурувија, Нада Шаргин, Марија Бергам, како и легендарните манекенки Лилјана Ериќ, Мира Ќириќ Иванка Двојаковиќ и Ирена Мишовиќ.
К.Т./ ПР Белградска модна недела
Фото: Ѓорѓе Томиќ
View this post on Instagram
Нема коментари