Во својата 92 година од животот почина Aјлин Форд, основач на модната агенција „Форд“ која оформи генерациски стандарди на убавина додека градеше царство и ги лансираше кариерите на Кендис Берген, Лорен Хатон, Кристи Бринкли, Ким Бесинџер, Кристи Тарингтон и безброј други познати манекенки. Според изјавата на Ариел Баран, портпаролка на Дерис & Ко., која е одговорна за односи со јавност за „Форд“ причина за смртта се компликациите од туморот на мозокот и остеопороза. Форд беше позната по нејзиниот челичен став и неприкосновено око за таленти. Од своите манекенки бараше професионализам, поставувајќи ги на строги диети и отпуштајќи ги оние со потреба за уживање во доцните вечери. Нејзината дисциплина ја постави модната агенција „Форд“ на врвот, правејќи ги и мултимилијардери Ајлин и нејзиниот сопруг Џери, кој управуваше со бизнис страната.
Типичната жена кај Форд беше висока, тенка, често русокоса, со широко поставени очи и долг врат. Aјлин Форд беше позната по тоа што им кажуваше на ентузијастите со пониска височина да се откажат од своите соништа. Супермоделот Кристи Бринкли постави слика од неа и Ајлин на нејзиниот профил на „Инстаграм“, изјавувајќи дека „Форд беше најдобрата во бизнисот. Таа согледа нешто во мене и со нејзината брилијантно изострено бизнис чувство, нејзиното знаење, искуство и личен допир, таа ме зема како сурферка од Малибу и ја водеше мојата кариера.“
Друга штитеничка на Форд, Кристи Тарлингтон Брнс изјави дека се чувствувала среќна што може да работи во индустријата во времиња кога легенди како Ајлин Форд сè уште владееја. „Да се биде дел од агенцијата „Форд“кога ја започнував мојата кариера беше навистина посебно. Секогаш ќе се сеќавам на Ајлин и нејзиното доминантно присуство со симпатија и благодарност.“
Ќерката на Форд, Кејти, која едновремено ја водеше компанијата, изјави дека најголемата возбуда за нејзината мајка била да забележи манекенка во дневниот курс на животот. Таа потоа прикриено ќе ја следи перспективата за да процени. Неколку од тие откритија достигнаа до славата, како Вендела Кирсебом, која што Ајлин ја откри во ресторан во Шведска, и Керен Греам, која Форд ја забележала во стоковната куќа „Бонвит Телер“ и која потоа стана ликот на продуктите за убавина на „Есте Лаудер“.
Класичниот изглед на Форд значително не се промени со текот на годините, со тоа поставувајќи стандард за индустријата. Висината и грациозната градба остануваат водечки атрибути, иако Форд беше незаинтересирана за изгледот на „бездомничка“ – отсликан од британската моделка Кејт Мос – популарен во раните 90-ти години. Форд го одржа ставот дека харизмата на една манекенка е важна исто колку и нејзиниот изглед и се гордееше со својата способност да забележи успешни карактери. „Има самоувереност во нив… Тие ќе бидат добри и вие едноставно може да го препознаете тоа“, изјави таа за магазинот Life во 1970 година. „Јас гледам девојки кои знам дека ќе бидат ѕвезди во манекенството за само неколку недели, и тие секогаш се“.
За фотографијата во високата мода, изјави таа, обилни гради дисквалификуваат затоа што апаратот додава килограми и облините го одвлекуваат вниманието од сликата. „Задник е ужасно штетен затоа што го пресекува целото на делови“, изјави таа за New York Times во 1967 година. Ајлин чувствуваше мајчинска одговорност кон нејзините манекенки, често канејќи ги најмладите да живеат во нејзиниот стан на Менхетан. Таа и’ забрануваше на младата Ким Бесинџер да излегува пред да ја заврши својата домашна по француски јазик. Тарлингтон се присетува како се преправала дека ги пере своите алишта навечер за да може да се измолкне додека спие семејството. „Манекенките се бизнис и тие мора да се третираат себеси како бизнис“, изјави Форд за Toronto Star во 1988 година. „Тоа значи дека тие мора да се грижат за себе и да се откажат од сите задоволства за млади“.
Агенцијата „Форд“ продолжи да расте во 70-тите, кога почна да претставува деца, меѓу кои и младата Брук Шилдс, како и мажи. Дотогаш, Кристи Бринкли, Џејн Фонда, Али Мек Гроу, Кендис Берген, Беверли Џонсон и Сузи Паркер веќе беа на списокот на „Форд“. Џон Казабланка понуди крута конкуренција кога ја основаше ривалската агенција „Елит“ во 70-тите. Тој беше познат по додворувањето на таленти од други агенции, што резултираше со правни тужби, и потенцираше посензуален, eвропски изглед.
Ајлин Форд, родена како Ајлин Оте во Њујорк во 1922 година, го помина своето детство во предградието на Грејт Нек, Лонг Ајланд , Њујорк. Се стекна со диплома по психологија од колеџот Барнард и се омажи, потоа работеше како фотограф, стилист и моден новинар. По губење на работата како стилист откако останува бремена, според Кејти Форд, таа им помага на неколку пријателки во договори за работа како манекенки. Тоа ја воведува задно со нејзиниот сопруг до основање на агенција во 1946 година.
Форд напиша пет книги, меѓу кои „Поубава вие за 21 ден“ (1972) и „Убавината сега и засекогаш: Тајните на убавината по 35-тата година“ (1977), плус и колумна во весник „Манекенска убавина на Ајлин Форд“ во 70-тите. Агенцијата ја забавуваше јавноста со настани како натпреварот „Супермодел на светот“ и неделни отворени куќи во Сохо кои привлекуваа 60.000 луѓе годишно. Заработките на агенцијата надминуваа 40 милииони годишно до 90-тите. Кејти Форд беше извршен директор од 1995 госина додека компанијата не беше продадена на инвестициската банка Stone Tower Equity Partners во 2007 година.
Нема коментари