Стилот на манекенката Рози Хантингтон- Вајтли може да се опише како интелектулаен минимализам – еднобојна облека, прочистени форми, стајлинзи кои секогаш се јасни, но во исто време акцентирани со детали+ како чанти, сандали и очила за сонце. Во облекувањето, но и во уредувањет на домот, таа секогаш се води од принципот „поедноставното е подобро“.
Карактеристики на нејзините комбинации за лето 2021 се трикотажни фустани, минималистични сандали и многу беж боја. Ги сака едноставните модни парчиња како кроп-топ, беж сако, припиени фустани, бели фармерки и панталони, широки ленени кошули, мал црн фустан. Сите нејзини стајлинзи за ова лето се во бела, беж, кафена и црна боја.
Во моментов Роузи е актуелна со својата козметичка платформа Rose Inc., деби колекцијата на чевли што ја дизајнира за брендот GIA, како и колекциите од долгогодишната соработка со брендот Маркс и Спенсер.
Нема коментари