Белата кошула е класика и еден од основните елементи на гардеробата на секоја жена, се носи во секоја сезона и е соодветна за секаков стил. Посебно е погодна за лето кога се препорачуваат парчиња од природни ткаенини и во светла боја, а за периодов стилистите препорачуваат широк и удобен модел кој може да го комбинирате на повеќе начини. Една супер варијанта е долга и широка кошула која што се носи како фустан, а одговара само со неколку детали и впешатлива чанта. За градски стил препорачуваме комбинации со фармерки, а може да ги замените со шорцеви додека сте на летување. Доколку сте љубители на шари, може да направите миск со панталони или здолништа со принт во интензивни бои.
Нема коментари