Levi’s ја започнува новата сезона пролет-лето 2019 со фармерки со ултра висока половина, новиот модел Levi’s Ribcage. Овие фармерки нè носат во времето на Кетрин Хепберн и се одлични за да се долови винтиџ изгледот на модните икони од минатото, но и и на денешните стилски освестени жени кои сè почесто сами ги пренаменуваат своите 501 фармерки во модел со висока половина за перфектен тексас изглед.
Levi’s® Ribcage е одличен модел кој го доловува духот на целата сезона, односно темата “Unbasic” – прослава на личниот стил и само изразувањето. Уметнички микс на современоста и автентичната естетика на Levi’s, кој доаѓа во модел со прав крој и со скратени ногавици. Модел за напредно модно стилизирање кое во еден дел го задржува и класичниот Levi’s изглед.
За Levi’s
Брендот Levi’s ги оживува класичниот американски стил и лежерност. Од нивното создавање во 1973 од страна на Levi Strauss & Co. овие фармерки стануваат најпрепознатливото парче облека во светот – задрувајќи ја лојалноста на купувачите со генерации.
Денес, портфолиото на Levi’s продолжува да расне со пионерски и иноватвен дух, уникатен во индустријата за облека. Брендот е присутен во повеќе од 110 земји овозможувајќи им на луѓето да го искажат својот личен стил.
Нема коментари