Хејли Бибер и Џејден Смит позираат во новата пролетна кампања на Levi’s која што е центрирана околу фестивалската мода, а брендот одлучи да оди со оваа кампања, иако поради актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19, откажани се сите музички фестивали. Ова го вклучува и фестивалот Коачела во Калифорнија, во чии рамки Levi’s има повеќе активности.
Но, од брендот Levi’s сепак одлучија да ја лансираат оваа фестивалска кампања, која што е направена пред кризата, со цел да обезбеди надеж и оптимизам за младите, некој вид место во кое можат да се изгубат и да сонуваат.
- Додека ја набљудуваме денешната младина – оваа генерација која неапологетски бара, создава и се залага за свет во кој заслужува да живее, јасно е дека таа го пренесува наследство. Нека не ве буни, младите се силно погодени за време на оваа криза. Покрај тоа што нема да ги доживеат некои од битните настани, како дипломирање и матурата, тие се оформуваат во време на огромна економска неизвесност, а планираната иднина им е засега нејасна. Живеат дома со своите родители, а на пауза им е непосредната иднина и им претстојат неверојатни предизвици. Но, нивниот оптимизам и чувство за заедница и идентитет ќе им помогне да поминат низ ова – вели Ценифер Сеј, потпретседателка и маркетинг директорка наLevi’s.
Нема коментари