Новите трендови во однос на накитот налагаат понежни и поделикатни стилови, тенки ланчиња и слоевито реденње на потенки прстени, но тоа не значи намалување на впечатливоста. Акцентот е ставен на редење на накит скоро на секој дел од телото, особено на ланчиња кои почуваат од вратот и се протегаат по рамената и градите, сè до стомакот. Ваквите ланчиња беа некогаш популарни, но сега се враќаат во нова верзија и украсени со камчиња во јаки бои. Овие стилови на накит, како и таканаречениот bra chain (кованица од градник и ланец бидејќи е ланец кој ја следи линијата на градник) одговараат со актуелните бохо трендови, а се носат дури и на плажа.
За популарноста на овој вид на накит е заслужна и дизајнерката Џеки Аиш од Лос Анџелес која рачно изработува парчиња кои веќе се фаворите меѓу ѕвездите како Ријана и Џиџи Хадид. Таа предлага и разни видови на алки кои се поврзани со прстен, алки за нога кои доживуваат враќање во модата, алки кои завршуваат со скапоцени камчиња како тиркиз и ахат… парчиња накит и ланци со кои буквално може да го завиткате телото. Накитот на Аиш е доста скап, со оглед на тоа дека е рачно изработен од злато и скапоцени камења, но слични стилови може да се најдат во понудата на high street брендовите, какои и во ателјеата на македонските дизајнери.
Иако не е многу препорачливо да се носи накит на плажа, сепак не може да се избегнат овие парчиња, а ваквиот вид на слоевито редење на накит е совршен и за музички фестивали.
Нема коментари