Иако според институтот „Пантон“ официјалната боја на 2014 година е нијансата на виолетова позната како „сјајна орхидеја“, сепак трендсетерките ова лето спонтано наметнаа друга боја- мандарина. Станува збор за благ премин од портокалова кон сајно жолта боја, што ја преферираат повеќе модни блогерки и актерки. Ова е една од омилените бои на модната икона Оливија Палермо, која често ја комбинита во своите стајлинзи. Ја видовме со „мандарина“, здолништа, елеци и палта, а неретко избора и фустани за официјални настани во овој тон. Деновиве за „мандарина“ боја се одлучи и Џесика Алба, за време на својот престој во Њујорк, каде што одушеви со симпатичната комбинација на краток топ со пруги и широко „мандарина“ здолниште, комбинирано со црно-белата „фарида“ чанта од змиска кожа, со потис на Кристијан Лубутан и црни чевли со високи потпетици. Таа и во други јавни појавувања ја има избрано оваа боја, што очигледно одлично ѝ стои. На листата на познати дами што одушевиле со креации во оваа нијанса се Оливија Вајд, Викторија Бекам, Ема Робертс, Бијонсе Ноулс, Аманда Сејфрид, Мишел Вилијамс и други. Ѕвездите најчесто ја комбинираат со врно-бели , кафени, црвени и златни модни додатоци. Кај блогерите може да се забележи поголема храброст при миксање на “мандарина’ бојата со контрасни тонови, како индиго-сина, виолетова, темнозелена, розова и светлосина.
Нема коментари