Раздвижете ги летните комбинации со интензивните бои кои ќе ја одбележат сезоната лето 2021 – зелена, циклама, портокалова, жолта и сина. Како спротивност на летната бела, пастелните и нијансите на песок, јаките бои играат клучна улога овој период и додаваат интензитет, впечатливот и живост на летните стајлинзи.
Смелите бои се уште еден летен тренд за летните месеци, а зелената е една од најхит боите на сезоната. Интензивно зелената носете ја за целосен изглед, добро се комбинира со неутрални нијанси како беж и бела, а сезонава доста популарни се чантите во оваа боја.
Бојата на цветот циклама за оваа сезона ја понудија големите дизајнерски имиња како Валентино и Жакемус и таа одлично дречи во сончевите денови. Портокаловата и жолтата се летни бои, ама ова лето носиме облека со поинтензивни тонови на овие бои. Подеднакво се динамични и ексцентрични како зелената.
Иако не може да се спореди со интензитетот и скоро неонскиот блесок на претходно спомнатите бои, сината во појак тоналитет, како ултрамарин и кобалт, исто така е хит сезонава.
Доколку не сте доволни смели за целосен изглед во овие јаки бои, носете ги како костими за капење или модни детали како чанти и сандали.
Нема коментари