Некои класични модни комбинации никогаш не го губат шармот, постојано се привлечни, но секогаш се во надградена и модернизирана варијанта. Спојот на широка бела кошула со куси панталони е една од оние класичните летни миксови кои сакаме да ги носиме секое лето. Трикот е да се создаде рамнотежа меѓу широката кошула (која изгледа како да е неколку броја поголема) и кратките шорцеви. Во игра сезонава се и кошулите со необични ракави, на врзување околу половината, а шорцевите најчесто се од тексас и со висока половина (што е тренд веќе неколку лета). Целиот изглед може да се надополни со шапка, накит, торба или мала чанта околу рамо, сандали или рамни влечки, марама заврзана во косата или околу чантата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари