Во летниот период се дружиме на отворено, во градината, на ливада, на плажа или пак на тераса, а овие простори се идеални за организирање забави и седенки. За поубава атмосфера важен елемент е уредувањето на просторот, а една од најпривлечните и најинспиративните тенденции е бохо-стилот, со многу етно референци на Индија, Мароко и други егзотични дестинации.
Најкарактеристичен дел од уредувањето на просторот во бохо-стил се килимите и чаршавите со етно мотиви, потоа декорирањето продолжува со многу шарени перници, свеќи, табуретки, цвеќе, чаши во боја украсени со златна шара… Останува да одберете закуска и пијалоци по ваш вкус, а за повеќе инспирација погледнете ја следната галерија.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари