Летната колекција на шпанскиот моден бренд „Манго“ нуди парчиња облека во која модерната жена се чувствува пред сè удобно, но и атрактивно и заводливо. Моделите сезонава имаат лежерен крој, а повеќето од нив се направени од лесни, провидни материјали. Неутралните и земјените тонови доминираат, па така застапени се белата, кафената и портокаловата боја во комбинација со меки линии и етно елементи. Од друга страна, присутни се и тропските принтови, везовите и индиго сината боја, кои ѝ додаваат сосема поинаков дух на колекцијата. Моделоте се достапни во продажните салони на „Манго“ во скопје.
Нема коментари