Потењето во летните месеци е неизбежно, но дефинитивно ќе забележите разлика ако носите ленен фустан или некој направен од вештачка кожа. Откријте кои материјали треба да ги носите и да ги избегнувате во летните месеци.
Материјали погодни за летните месеци
ПАМУК
Постои причина зошто повеќето од облеката во нашите плакари е токму од овој материјал. Памукот е природен материјал кој ѝ овозможува на кожата да дише. Памучна облека во светли бои е комбинација со која не можете да погрешите во топлите денови.
ЛЕН
Ова е плетена ткаенина која ѝ овозможува на кожата да дише, а во исто време на топлината да излегува од вашето тело. Освен тоа брзо се суши и изгледа одлично дури и во стуткана варијанта.
CHAMBRAY ПАМУК
Оваа ткаенина е одлична замена за тексас. Лесна и воздушеста и едноставно совршена за лето.
Материјали кои треба да ги избегнувате во летните месеци
ПОЛИЕСТЕР
Иако е еден од најтрајните материјали, полиестерот е вистински кошмар за летната облека. Не апсорбира влага, што значи дека вашето тело ќе биде практично во вакуум на сопствената пот.
ВЕШТАЧКА СВИЛА
Иако можете да бидете измамени од изгледот, оваа свила и сите други синтетички материјали никогаш не се добар избор за лето.
ТЕКСАС
Иако сите ние го носиме во текот на летото, тексасот е тешка и издржлива ткаенина што не е погодна за лето, па подобро е тексасните кошули да ги замените со памучни (на пример chambray памукот неодоливо потсетува на тексас).
Нема коментари