Ова лето топлите денови дојдоа нешто подоцна и веројатно ќе продолжат и во септември, што значи сè уште имате време да пробате некои модни стилови кои се забележуваат на Инстаграм.
Торби од пластични монистра
Драгоцен потсетник на детството. Ова лето модените блогерки, меѓу кои и Кортни Троп и Сабина Сокол, носеа торби од пластични мониста, кои наликуваат на детските мали чанти во кои се чуваа шнолите и гумите за џвакање.
Бициклистички
Околу овој старо-нов тренд не сме многу сигурни дали е добар, но го има насекаде. Сега бициклистичките се носат со јакни, кошули, дуксери, маици, со спортска или поелегантна облека и, генерално, со сè што сакате и сте замислиле.
Огромни сламени шапки
Благодарение на романтиката на дизајнерот Жакемус, и на неговите фанови како Бел Хадида, популарни станаа сламените шапки со огромен обод, кои освен не само што заштитуваат од сонце, туку и со нив се креираат супер фотки за на Инстаграм. Ако овој месец планирате летување покрај плажа, набавете еден широк шешир.
Сандали со ремчиња
Елегантни и минималистички, рамни или со малечки коцкести потпетици, сандалите со ремчиња се идеални за ова лето. Се носат со – негувани стапала и убаво налакирани прсти.
Костими за капење во стилот на 80-тите
За модата од 80-тите години карактеристични беа костимите за капење со доста висок изрез кај препоните. Како се враќаат одредени трендови од 80-тите, така летово и овие костими за капење се повторно во мода.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари