Веруваме во девизата дека може да облечете сè што сакате без разлика на вашата возраст, но сепак сметаме дека треба да постојат одредени правила кои ќе покажат дека на 30+ или 40+ години не треба да се носи тинејџерска облека. Ова посебно се однесува на летните парчиња како краток топ, многу кратки шорцеви, мини фустани со гол грб, кои евентуално може да ги носите само на летување. Облекувањето за одредена возраст не значи досадна облека и „теткински“ комбинации, следниве стилски равенства покажуваат дека може да изгледате свежо, модерно и младешки и кога ги почитувате правилата за тоа што е соодветно за жените после нивната 30-та година.
Костим со сако без ракави и детали како марама околу вратот и федора шапка
Комбинезон во интензивна боја и мала чанта со впечатлив принт
Кошула дефинирана со ремен врз широки панталони
Класично молив-здолниште со полежерна маица и сандали со врвки
Долга блуза со прерамки врз елегантни панталони со должина над глужд
Три трендовски парчиња во едно: Блуза со голи рамена + фармерки со висока половина + влечки со високи потпетици
Широки palazzo панталони со романтична бела блуза од тантела
Совршено скроен летен костим
Летен фустан со патики
Фустан во повеќе слоеви со шапка и ретро чевли
Фустан на преклоп со сандали со ремче
Бел летен фустан со ниски чевли
Микс на принтови: панталони на риги + цветна кошула
Комплет во пижама-стил
Бела кошула и бело здолниште во комбинација со чанта и сандали во тиркизни тонови
Женствен фустан со ретро крој и погруби чизми
Шарен бохо фустан со детали во неутрални тонови
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари