Моделот кој буди спомени и потсетува на фустаните на нашите баби и мајки, се враќа како еден од најзастапените креации во колекциите за пролет-лето 2017 на популарните брендови за секојдневна мода. Долгите и миди фустани со преклоп, кои може да се со цветен дезен или со точки, со карнери, копчиња или само колан, истовремено се женствени, романтични, удобни и практични.
Со голема леснотија, каков што е и неговиот крој, овој фустан може да го комбинирате за различни пригоди. Ако некогаш се носел како креација за дома, и за на одмор, сега може да го прилагодите во својот изглед за на работа, патувања, излегувања и викенд прошетки. Покрај класичните варијанти со сандали, балетанки или високи потпетици, може да го комбинирате во споспортки парчиња: патиики, хеланки, па и со шорцеви, може да носите маичка со принт под моделот или некое блузиче со тантела или пруги.
Некој од моделите може да ви послужи и како наметка, врз фармерки или краток фустан или џинс шорцеви. Ова е модел што еднаш се купува, а се носи во многу комбинации, долги години.
Нема коментари