Модата не признава возраст, но во последно време со бранот на прифаќање на различностите, не признава ниту величини. Модниот свет сè повеќе ги задоволува потребите на жените со облини и оние со поголеми конфекциски броеви, нудејќи тренди модни парчиња и за оние што спаѓаат во категоријата плус-сајз. Понудата во продавниците е поразновидна, а при купувањето и стилизирањето на летната гардероба, жените со облини треба да имаат предвид дека не треба да се кријат зад широка и предимензионирана облека.
Спротивно на општото мнение дека треба да ги скриете облините и струкот, сепак стилистите и модните познавачи велат дека, напротив, треба да ја нагласите половината и со тоа да ја дефинирате целата силуета во облик на песочен часовник. Нагласете го и деколтето, но секогаш носете соодветен градник. Фустаните на преклоп имаат крој кој одговара на секоја градба, па секако бирајте вакви парчиња. Дезените се добредојдени, а најмногу одговараат вертикалните линии и не многу крупни шари.
Нема коментари