Иако не можат да ја заменат магијата и ритуалот на прелистување на модните магазини, новите социјални мрежи често се корисни во наоѓање инспирација за купување на ново парче или правење на свежи комбинации . Меѓу најинтересните и најбогати со модна содржина е Pinterest, каде што нема да најдете само актуелни трендови, туку ќе погледнете богата архива со безвременски парчиња и варијации на истите.
Покрај актуелните модели од high street брендовите, има изобилство и од дизајнерски парчиња, како и „направи сам“ и рециклирани креации.Со пребарување на Pinterest на било кој термин може да добиете совршен микс од идеи. Интересни предлози и варијанти може да се најдат и од едно од навидум наједноставните парчиња-бел летен фустан.
Тоа е една од креациите што ја купувате еднаш,а ја носите и рециклирате секое лето. Идеална е за топлите сончеви денови, за на плажа, за денски прошетки, патувања и вечерни настани. Одлично одговара со добиениот тен од плажа.
Без разлика дали станува збор за кошула-фустан ,коктел модел, ретро миди варијанта или пак бохо -совршено се вклопува во повеќе летни комбинации. Доколку сакате ова лето да набавите нов бел фустан, или пак стариот да го освежите со нова комбинација може да ги погледнете следните идеи, позајмени од оваа социјална мрежа.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари