Брендот за накит Oxette почна летна промоција во продажните места во Македонија. Преку оваа промоција клинетите добиваат можност омиленото парче накит во летниот период да го набават со намалување до 30 отсто. Компанијата Oxette е основана во 1998 година во Грција и за кусо време стана еден од водечките меѓународни брендови за накит. Брендот е наменет за современи, софистицирани луѓе кои ја сакаат модата и ја истакнуваат својата уникатност преку накитот и часовниците на Oxette. Првата продавница на Oxette во Македонија е отворена во 2006 година, а сега има продажни салони во ГТЦ, „Рамстор“ и во „Скопје сити мол“.
Нема коментари