Моделите на фустани со спуштени раменици се добра идеја и ова лето, тоа е моден начин да ги откриете рамениците, деколтето и вратот, а овој стил на „случајно ми се лизна горниот дел“ е совршен во летните месеци и изгледа шик и ненаметливо сексапилно. Имаат доза на женственост, понекогаш лежерност, а можете да ги носите на прошетки низ избараната летна дестинација, на забави на отворено, за вечерно излегување, на плажа…
Нема коментари