Летово еден тренд стана вирален во модата – matching sets, односно комплети со усогласени шорцеви и кошула. Комбинацијата од шорц и кошула во иста и боја и од ист материјал е шик изглед за оваа лето, се носи на плажа на омилената летна дестинација, но и во градски ситуации. Усогласените комплети не се нова идеја и некако ги поврзуваме со loungewear модата на носење удобни парчиња за време на седењето дома во ковид-периодот, сега оваа стилска опуштеност ја изразуваме и на отворено. Тренд се комплети во неутрални нијанси, со сино-бели пруги, но и оние во понтензивни бои како портокалова, боја на циклама и зелена.
Нема коментари