Лелеав, широк, долг, помалку прозрачен, секако тренди, како волуменозна кошула, понекогаш наликува на кафтан, кошула-фустанот е идеален како главен сегмент од летните комбинации. Во топлите месеци бираме облека која е удобна, лесна и од природен материјал, кошула-фустанот ги задоволува овие барања и може да се носи за дневно излегување, на плажа, покрај базен или за прошетка за време на вашето летување. За летните горештини, бирајте модел со пруги, во бела или светлосина боја. Комбинирајте со сандали, апостолки, лесни балетанки, шапки, плетени торби.
Нема коментари