Инспирирана од 50-тите и 60-тите години, колекцијата La Piscine се појавува како клучна тема за летните денови. Сцената на познатите Молитор базени во Париз, каде доминираат боите е главна инспирација за колекцијата која нè носи во ретро-лето полно со геометриски фигури и колор блокирање. Чанти во црвена, сина и жолта боја со впечатливи риги, торби со дрвени рачки и цветови за лето во кое најважниот елемент се деталите. Чевлите, исто така, имаат винтиџ инспирација: платформите во интензивна црвена боја се едни од централните елементи во колекцијата. Ако накитот е клучен за незаборавно лето, тогаш La Piscine нè носи на едно сосема ново ниво каде акрилот и текстилот се во хармонија и создаваат впечатливи ланчиња и обетки кои ќе ја збогатат дури и наједноставната комбинација. Oчилата за сонце во сина и црна боја со бели ленти ја имаат елеганцијата и естетиката која доминирала во 50-тите и 60-тите такашто тие се совршено дополнување на целосниот изглед. Златните денови на 50-тите се тука и носат разнобојно и ретро лето за модерните жени кои сакаат да го оживеат минатото.
Нема коментари