Додека го пакувате куферот за престојниот одмор, не заборавајте во него да оставите место за еден чифт еспадрили. Тие не само што се тренд во секојдневниот изглед на жешкиот асвалт и важат за еден од најголемите хитови во урбаната мода, тие се моден хит за деновите поминати на плажа или на планинаски места. Доколку имате доста пешачење по правлив пат до посакуваната плажа, или ако сакате повеќе да се движите за време на одморот, тие се одлична замена за апостолките, влечките и сандалите. Доволен ви е еден пар на овие платнени удобни чевли, околу кој може да гравитира вашиот летен изглед. Без разлика дали ќе се одлучите за модели со пруги, шарени, еднобојни, дискретни или модели со впечатливи тонови, нема да биде тешко да ги прилагодите на лежерните креации. Во деновите кога сте надвор од вашите канцеларии тие се одлична замена за високите потпетици, кожените обувки и салонките. Ви нудиме неколку идеи какви можете да ги носите еспадрилите ова лето.
Нема коментари