Бели кошули со тантела, ленени фустани, трендовски широки панталони, комбинации со шорцеви, едноделни костими за капење, фустани со точки, еспадрили и кожени влечки… ова се дел од летните стајлинзи што ги пронајдовме кај блогерката Џули Сарињана (@sincerelyjules). Џули сака да ги носи летните модни класици, белата боја ѝ стои многу убаво и прави контраст со нејзиниот темен тен и за летните месеци преферира лежерност.
Вметнува и поинтензивни нијанси и се забележува дека ја сака портокаловата. Обрнува доста внимание на модните детали како накит, сламени торби и марама во косата.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари