Младиот скопски џез-состав „Летечки пекинезери“ ќе го промовира својот нов албум Dog Show в среда во 21.30 часот во арт-кафе „Менада“. Албумот, на кој се наоѓаат 11 композиции е снимен, миксан и продуциран од Ален Хаџи-Стефанов и „Летечки пекинезери“. Цедето е во издание на „Скопскиот џез-фестивал“. Дизајнот на обвивката е на Руки. Промоцијата на Dog Show ќе биде збогатена со настап на групата во живо. Во „Летечки пекинезери“ членуваат Бојан Петков-гитара, Иво Солдатовиќ – кларинет, Петар Христов – тенор саксофон, Кирил Туфекчиевски – контрабас и Славчо Коцев – тапани.
Нема коментари