Актерот Леонардо ди Каприо во средата огранизира по вторпат хуманитарен гала настан како дел од активноста на неговата фондација за заштита на животната средина, а на забавата во винаријата Domaine Bertaud Belieuво близина на Сен Тропе се појавија повеќе познати актери, музичари, топ модели меѓу кои и новата девојка на ди Каприо, Кели Рорбах, како и монегашкиот принц Алберт. Леонардо долги години се интересира за проблематики околу загадувањето на нашата планета, а преку фондацијата што го носи неговото име на последниот настан успеа да собере преку 40 милиони долари кои потоа ќе бидат наменети за разни програми за заштита на животната средина. На забавата се појавија Кејт Хадсон, Наоми Кембел, Марион Котијар, Орландо Блум, Елтон Џон, Џон Леџенд, Наташа Поли, а во однос на стилот кај дамите доминираа проѕирни и провокатовни фустани.
Нема коментари