Ленените панталони долго време се базата на облекувањето во пролет и лето, бидејќи се удобни, сестрани, лесни за комбинирање и од ткаенина која се препорачува во топлите месеци. Тие се омилени кај бројни жени и девојки, како кај оние што ги следат трендовите, но и кај оние кое не се сметаат за помодарки. За летните денови најчесто ги бираме оние модели што се во светли и неутрални нијанси – бела, беж, сива, окер, а кои лесно се спојуваат со секаква гардероба. Ако сакате минималистички стајлинг, ќе одберете маици и блузи во базични бои и со смирени кроеви. Но, може и да постигнете поекспресивен и медитерански изглед со облека со шари и поинтензивни бои, како и со летни детали како сламени торби, шапки и кожени влечки. Разни верзии на ленените панталони ќе најдете скоро кај секој моден бренд во колекциите што се однесуваат за пролет-лето сезоната.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари