Пролетната модна сезона изискува промена во деловната гардероба и прилагодување на топлите денови. Тоа ќе го постигнете ако изберете облека во лесни и природни материјали како лен и памук, а во однос на колоритот направите селекција во посветли тонови. Ленот е одличен материјал за топлите пролетни денови, но понекогаш асоцира на лежерност, па за во канцеларија избегнувајте ги премногу згужваните модели. Пролетва тренд се беж комбинациите, кои исто така можат да се прилагодат на деловниот дрескод. Во професиите во кои постои построг бизнис дрескод, подобро е да изберат потемните кафени тонови, сива и драп боја. За илустрација, позајмивме примери од блогерката Ан Сандстром, која што објавува модни стории на нејзиниот блог 9 to 5 chic посветени токму на деловниот изглед.
Нема коментари