Од тенки ролки што се лизгаат под плетените џемпери до удвојување на облеката за надвор, еве неколку совети како да го совладате облекувањето во слоеви оваа сезона
Зимата не само што ја најавува можноста да гравитираме кон нашите најудобни парчиња облека, туку и ни овозможува да носиме повеќе омилени парчиња одеднаш. Завиткувањето против студот може да биде мајсторија во мултифункционалното облекување, каде што редењето на слоеви беспрекорно ќе ви помогне во облекувањето од утро мрак, за надвор или во затворени простории. Најлесно е да облечете гломазна монтка за да се згреете, но има денови кога сакате да изгледате префинето и со стил, тогаш применете го слоевитото облекување. Кои парчиња и како да ги споите, подолу неколку совети како да ја совладате уметноста на слоевитост сезонава.
Носете две парчиња за надвор
Сакоата се главна облека во транссезонскиот период, но штом ќе падне температурата, не се доволно прилагодени за да ги носите како самостојно парче, освен ако најголемиот дел од денот го поминувате во затворен простор. Внесете ги вашите омилени добро скроени сакоа во зимската гардероба, така што преку нив ќе облечете капут – за да се затоплите кога сте надвор, но и да изгледате стилски и модерно.
Вметнете спортска облека
Супермеката спортска облека ќе се покаже како неопходна во текот на оваа сезона – во студените денови, природно гравитираме кон предимензионирани парчиња што нè штитат од студот, а памучните дуксери се лесна опција. Но, оваа сезона, наместо да ги носите со дебела монтка, за постилски изглед комбинирајте ги со елегантен мантил или капут.
Монохроматски модни слоеви
Елегантен и деловен е спојот на костим со панталони и врз него капут, за оваа сеозна модните познавачи препорачуваат слоеви во еден тон, на пример, беж, сива, боја на карамела или на фстак. Овој слоевит спој може да биде надграден со тенок џемпер или ролка под сакото, како и со чевли и чанта во иста нијанса како облеката.
Впечатлив шал – завршница на слоевитото облекување
Шалот е еден од најкористените додатоци секоја есен и зима, па зошто да не се одлучите за еден шарен и дебел како овој модел на Loewe што ќе донесе радост во вашата секојдневна облека? Изберете големи волнени ткаенини што може да се обвиткаат како ќебе или раскошно да се завиткаат околу вратот, овој дополнителен слој на плетиво ќе ве заштити дури и од најниските температури.
Двоен слој на плетенина
Префинетата ролка е едно од најразновидните парчиња во вашиот плакар, благодарение на лесната способност да се носи самостојно или да под друга облека, од кошули до фустани. Но, оваа сезона, ја координираме со уште едно друго плетиво, на пример елек или џемпер.
Игра со текстура
Природните влакна навистина доаѓаат до израз на есен/зима, кога тактилноста станува клучна и носењето на текстурирано плетиво е популарно. Плетениот џемпер со плетенки или некој друг текстуриран мотив е задолжително парче сезонава, може да се носи на повеќе начини, зошто да не и заврзан околу рамената како шал?!
Нема коментари