Пејачката Лејди Гага е ѕвезда на новото мартовско издание на американски Harper’s Bazaar. Фотографирана од страна на нејзиниот пријател Тери Ричардсон, таа позира во откачени диско-комбинации на кои ги навикна своите фанови и се отвори во интервјуто во кое зборува за животот, лагите, за тоа дека сака да стане истакнат филантроп, за нејзините луди модни комбинациии, за тоа како ги поминала сите фази на популарност и искрено открива дека кон крајот на годината паднала во депресија. Најверојатно поради лошите критики и слабата продажба на последниот албум Artpop.
-Денес се чувствувам поудобно во својата кожа. Кога бев помлада, како станував позната, чувствував притисок да бидам нешто што не сум – открива Лејди Гага.
Модата што ни ја презентира во последниве години за неа претставува нешто многу свето, од костимираните парчиња до високата мода, од луксузните креации до оние во панк-стил што ги купувала во „скришни“ места по светот.
-Чувам сè во мојата огромна архива во Холивуд. Облеката е ставена на манекенски кукли, како и на закачалки и во кутии на кои се залепени фотографии од содржината во кутијата. Исто така постои веб-страница на која што можам да ги разгледувам сите парчиња. Архивата е толку многу голема, што сама не би можела да се снајдам низ неа.
Лејди Гага вели дека нејзината мода е најценетото нешто што го поседува, и тоа од две причини – поради тоа што е визуелизација на нејзината напорна работа и на она што го вложила да стане тоа што е денес, и бидејќи е легенда на енциклопедијата на нејзиниот живот. Таа архива од облека и костими според Гага ја раскажува приказната за нејзиниот живот.
-Трите најскапи работи што некогаш сум ги купила, се моето крзно од самур, ниската дијаманти и бисерите од „Микимото“.
Нема коментари