Звучи неверојатно, ама Лејди Гага беше најконзервативно облечената жена на вчерашната ревија на „Викторија сикрет“ во Париз. Познатата пејачка и актерка често се појавува во контроверзни и разголени комбинации, ама вчера покажа скромност. Скромност и конзервативност барем во однос на нејзиниот досегашен изглед. Лејди Гага на сцената се појави три пати, но успеа да смени пет комбинации, a вечерта ја почна со појавување на розовиот килим пред ревијата, облечена во долг црн фустан од тантела од дизајнерот Азедин Алаја.
За време на музичкиот настап како дел од ревијата ја видовме во неколку изгледи – фустан со долги и со розови цветови, креација на couture брендот од Барселона YolanCris, потоа во црн комбинезон и јакна со пулејки од колекција на Хеди Слиман за „Сен Лоран“. Нешто подоцна црната јакна ја замени со бела кожена јакна со ангелски крилја и облече нови чизми со висока платформа. Настапот на пистата на „Викторија сикрет“ го заврши со комплет од краток топ и долго здолниште во бордо боја, исто така креација на Алаја.
Нема коментари