Авторката на модниот блог Man Repeller, Леандра Медин ќе отвори поп-ап продавница во Њујорк. Во продавницата, која ќе биде именувана MR Bazaar, а ќе биде сместена во Canal Street Market, ќе се продаваат креации со потпис на Леандра. Таа изјави дека поп-ап продавница на оваа локација е нејзин дамнешен сон и дека веќе избесно време ја осмислувала како концепт. Целта на овој простор е на едно место да може да се надат сите промотивни производи, но и други креации што нејзе ѝ се допаѓаат. Вели дека мотивот за отворање не бил зголемување на бројот на читатели на нејзиниот блог, напротив, сакала со продавницата да им се оддолжи на сите што веќе го следат Man Repeller.
Нема коментари