Седум македонски модни блогерки ќе се појават во улога на модели и стилистки на перформансот на домашната етикета Le Brand на 11 октомври, со што ќе биде пуштена во продажба колекцијата есен-зима 2014 во концептуалната продавница Lotus Design Store во „Скопје сити мол“. На настанот, што ќе почне во 16 часот, во креации на битолската дизајнерка Лили Кадинска ќе се појават Сандра, Калина и Ива од Skopje Casual, Александра Спасеска (Aleksandrina Vezilka), Илина Драгославска (Dihmension Magazine), Азизе Демиши (Rose) и Мери (Македонски моден блог).

Ива, Сандра и Калина од Skopje Casual и Александра Спасеска се дел од блогерките што ќе бидат во улога на манекенки и стилисти на презентацијата
-Станува збор за промоција пред продажба на линијата есен-зима 2014. Сакав да правам мала поофицијална презентација во Скопје пред моделите да се најдат на полиците на Lotus Design Store. Така одлучив идејата од настанот во Битола летово, Le Brand ft. The Muses на кој во улога на манекенки и стилисти се појавија неколку неколку видни битолчанки , да ја искористам и за настанот во „Скопје сити мол“. Но овој пат соработувам со модните блогерки. Некако оваа колекција ја гледав како прилика за тоа, зашто не е претставена на Модниот викенд… Барајќи начини за неконвенционално претставување и земајќи го во предвид значенјето на модните блогерики во светот, решив дека ова е интересен начин и убава можност да се зацврсти врската блогер-дизајнер. Блогерките ќе бидат тие што ќе ја имаат клучната улога во претставувањето на колекцијата, зашто ќе комбинираат парчиња од истата со модели од својот плакар. Целта е да се види како различни личности , различно ги доживуваат креациите кои се созададени под еден концепт. Начинот на комбинирање ја има моќта целсоно да го измени концептот-ни изјави Кадинска, која во моментов ја подготвива својата линија за пролет-лето 2015 која ќе ја промовира на претстојното издание на Моден викенд-Скопје.(А.Н.)

Колекција есен-зима 2014 Grunge Glamour на Лили Кадинска од 11 октомври ќе биде во продажба во Lotus Design Store Фото: Владимир Видановски
Нема коментари