Приказната за постапокалиптичниот свет на режисерот Вес Бол, „Лавиринт – Невозможно бегство“ пристигнува во скопските кина на 18 септември. Еден ден Томас, на кој му е избришано сеќавањето, ќе се најде опкружен од непозната група на млади луѓе, на огромната Ледина опкружена со џиновски и застрашувачки Лавиринт. Запознава момчиња кои преживуваат во Ледината веќе две години, обидувајќи се да пронајдат начин да побегнат низ Лавиринтот кој го опкружува нивниот животен простор. Момчињата сами одгледуваат храна и обезбедуваат основни работи за живот. На секои триесет дена во заедницата пристигнува ново момче. Во внатрешноста на ѕидините на новиот дом, Томас се обидува да се прилагоди во заедницата, но ги дознава и правилата на играта до кои мора да се придржува.
Со изгревањето на сонцето, ѕидовите на Лавиринтот се подигнуваат и посебна група на момчиња – тркачи добиваат можност да го пронајдат излезот. Кога еднаш ќе се најдат во Лавиринтот и ако сфатат дека не можат да го пронајдат излезот, важно е да пред заоѓањето на сонцето дојдат до Ледината. Ако не дојдат, мистериозни суштества се тука да им го згорчат животот. Никој жив не се вратил од Лавиринтот по ноќта помината во него.
Набргу по доаѓањето на Томас, меѓу заробените се појавува уште еден нов член – Тереса. Првата девојка во Ледината предизвикува конфузија и сите се прашуваат што е следно, зашто таа ја донела неверојатната порака „Повеќе ништо нема да биде исто”.
Младиот актер Дилан О’Брајан, актерското искуство го стекнал во телевизиската серија Teen Wolf и комедијата „Помлади референти”. Останатите улоги ги толкуваат Каја Скоделарио, која е позната по серијата Skins и по улогата во музичкиот спот на пејачот Роби Вилијамс за песната Candy, и одличниот Томас Броди -Сангстер, кој е познат по улогите во серијата „Игра на троновите“ и филмот „Всушност, љубов”.
Нема коментари