Дерматолозите често препорачуваат ласерска терапија за намалување на знаците на стареење или за лечење на кожни состојби како хиперпигментација и белези од акни.
Што претставува ласерска терапија?
Зборот LASER е кратенка од Light Amplification of Stimulated Emission of Radiation (засилена светлина со стимулирано зрачење). Ова е всушност и описот на којшто функционира ласерот: светлосните зраци се вештачки генерирани, контролирани и искористени за да продрат во човечкото ткиво, со цел корекција на бројни медицински и козметички проблеми.
Едноставно кажано, проблематичните делови на кожата се „напаѓаат“со високоенергетска светлина. Таа светлина преминува во топлина и делува на целната зона. Најлесните процедури делуваат само на површината на епидермисот (површинскиот слој) на кожата, додека поинтензивните процедури можат да продрат во најдлабоките слоеви на кожата.
Ласерската терапија овозможува попрецизно лечење во споредба со хемискиот пилинг и се препорачува за намалување или отстранување на:
- фините лини и и брчки
- варикозни вени
- розацеа
- проблеми со хиперпигментацијата, како на пример возрасни дамки (познати уште и како сончеви дамки/флеки) и дамки од акни
- лузни (вклучувајќи и лузни од акни)
- стрии
- несакана влакнетост
- тетоважи
Какви ласерски третмани постојат?
Постојат повеќе видови ласерски третмани кои се користат во дермато-козметологијата и тие се поделени во две основни групи: аблативни ласерски третмани и неаблативни ласерски третмани:
Аблативни ласери
Аблација е медицински термин којшто означува отстранување на материјалот од површината на структурата, преку ерозивен процес. Со аблативниот ласерски третман се отстрануваат горните слоеви на кожата, па опоравувањето по третманот може да потрае и неколку недели. Аблативните ласери често се користат за намалување на лузните. Тие исто така се користат и за намалување на брчките, бидејќи можат да го стимулираат производството на колаген. Постојат два различни вида на аблативни ласери – јаглерод диоксид и ербиум ласери.
Неаблативни ласери
Неаблативните ласерски третмани ја оставаат кожата непроменета и иако има извесно зацрвенување после третманот, кожата обично брзо се обновува. Бидејќи делуваат на површината на кожата, особено се ефикасни за отстранување на проширени вени, третман на хиперпигментации, намалување на фините линии и малите брчки и отстранување на несакана влакнатост и тетоважи. Постојат неколку видови неаблативни ласери, но најчесто користени се импулсни ласери (Pulsed Dye Lasers или DPL), неодимови (Nd:Yag) ласери и александрит ласери.
Дерматолозите користат и други неласерски третмани базирани на светлина, како интензивната пулсна светлина (IPL).
Како да ја негувам мојата кожа после ласерски третман?
Ласерската терапија секогаш треба да ја прави обучен и искусен лекар, а пациентот треба да се придржува на упатствата пред и после третман.
Кога кожата целосно ќе се обнови (процес познат како реепителизација), оддржувањето на влажноста во кожата ѝпомага да се опорави. Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа претставува SOS нега за кожата, токму она што ѝ е потребно. Мевлемот образува нежна полуоклузивна заштитна бариера на кожата, којашто го помага природниот пренос на вода и кислород кон и од кожата. Формулата содржи глицерин – ефикасна хидратантна состојка, којашто ја привлекува водата и помага таа да се задржи во кожата.
Глицеринот дејствува заедно со пантенолот, којшто помага да се забрза оздравувањето и регенерацијата на кожата, при што истовремено и ја хидрира. Клинички и дерматолошки е докажано дека формулата Eucerin Aquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа го помага оздравувањето на многу сувата, расапукана и иритирана кожа. Не треба да се нанесува на отворени, влажни рани или рани што крвават.
Обновената кожа после ласерски третман веројатно ќе биде и многу чувствителна кон сончевата светлина. Затоа е важно после процедурите да се заштити со производ со висок заштитен фактор од сонце, дури и на облачно време. Линијата Eucerin Sun вклучува производи за заштита од сонце за лице со висок и многу висок фактор (30, 50 и 50+), за да ѝ ја обезбеди на кожата неопходната заштита после ласерски третман.
EucerinAquaphor Заштитен мевлем за оштетена кожа е достапен во две пакувања: 45 мл и 220 мл:
Нема коментари