Топ-моделот Лара Стоун се појавува во новиот видеоспот на познатиот рок-состав Black Keys за нумерата Weight of Love од новиот албум Turn Blue. Клипот, режиран од Тео Венер, е слика за религиозните секти во САД во доцните 80-тие години. Видеоспотот почнува со снимка од претходниот спот на бендот за песната Fever, која исто така е режиран од Венер. Иако тематски се слични, спотовите се снимени со различна есетика. Приказната се движи околу група девојки и девојчиња, дел од женски култ, облечени во бело, кои живеат во изолација, а лидерка им е Лара Стоун. Новиот повеќе наликува на филмот „Самоубиство на девиците“.
Weight of Love from Theo Wenner on Vimeo.
Нема коментари