Минатата година холандската супермоделка Лара Стоун направи пауза за да му се посвети на мајчинството, таа е мајка на осумесечен син од бракот со британскиот комичар Дејвид Вилијамс, а оваа година се враќа на модната сцена благодарение на договорот со L’Oreal и новата насловна страница за мартовскиот број на париски Vogue. Засега е позната само насловната, на која гледаме портрет на Лара во сексапилнo расположение, инаку фотографија на одличните Мерт и Маркус, а во исчекување сме на внатрешната содржина на бројот кој е најавен со централна тема „Фем фатал“.
Нема коментари