Холандската супермоделка Лара Стоун сними фотосесија за онлајн магазинот The Edit и отворено проговори за бременоста, телото за време и по бременоста и како тоа делувало на нејзината кариера. Лара пред една година го роди синот Алфред, од бракот со британскиот комичар Дејвид Вилијамс, и признава дека за време на бременоста јадела сè што ќе посака. Иако работи во индустријата во која најистакната е опсесијата за витко тело, Лара вели дека приоритет за време на бременоста ѝ биле сопственото и здравјето на бебето. „Нема поголема награда од убаво, здраво бебе,“ вели таа. Лара исто така советува дека секоја трудница треба да ги прифати промените низ минува нејзиното тело со бременоста. И таа како и секоја друга жена се соочила со несовршености на телото, чувството кога не ти е лагодно во облеката што ја носиш, како и со моментот на враќање на работа после раѓањето на бебето. Супермоделката вели дека првото фотографирање по паузата поради мајчинството ѝ било доста стресно, но сега се враќа на манекеството, а покрај оваа фотосесија, сними и кампања за Келвин Клајн. Ова последното издание на The Еdit е посветено на теми за телото и здравјето, па манекенката е вистински соговорник на оваа тема. Фотографите за новото издание на The Edit ги направи Бен Велер, а Лара е стилизирана во минималистички стил, со природна шминка и облека во црна и бела боја со едноставна линија.
Нема коментари