LIX е најмалото 3Д принт-пенкало, кое беше лансирано вчера на Kickstarter. Креаторите на ова мало технолошко чудо велат дека приоритет им било да создадат супер компактен дизајн, помал од било кое пенкало на пазарот. Пенкалото може да се управува со енергија што се добива преку USB отвор. Откако ќе го вклучите, на LIX му треба помалку од една минута да се загреете и да биде подготвен за создавање на вертикални илустрации. LIX 3Д пенкалото ги има сите функции како сите останати 3Д-принтери: ја топи и лади пластиката со чија помош може да се создадат разни предмети.
Нема коментари