Минатата недела присуствуваме на лансирањето на колекција на часовници и накит со потпис на американскиот дизајнер Томи Хилфигер, а овозможено од страна на компанијата MY:TIME. Во интимна атмосфера на скопското кафуле Brown Sugar, домаќините на ова дружење MY:TIME ни ја раскажаа приказната на компанијата, брендовите од нивното портфолио и нè запознаа со новиот член што го донесоа во Македонија – Tommy Hilfiger часовници и накит. Во друштво на селектирани медиуми и блогери, и неколку познати личности како супермоделот Катарина Ивановска, актерите Сашо Коцев и Горазд Цветковски, пејачката Тамара Тодевска, дизајнерката Фросина Ангелвска, ракометарот Столе Стоилов, се запознавме со новата колекција и се воодушевивме на персонализирани подароци. Желбата на MY:TIME е секоја личност соодветно на својот личен стил, да го истакне својот карактер преку парче накит или часовник од Томи Хилфигер.
Од лансирањето на својот бренд во 1985 до денес, Томи Хилфигер стана глобален пионер на класичниот „кул“ Американски стил. Инспириран од популарната култура и Американското наследство, Томи и неговиот бренд во јадрото на своите вредности се мотивирани од оптимизам за животот кршејќи ги шаблоните и конформизмот, славејќи ја желбата за истакнување на индивидуалноста на секоја личост.
Од своето основање, брендот Tommy Hilfiger e изграден врз моќна филозофија на дизајн, додавање свежи, нови перспективи на традиционалните американски стилови. Овој пристап се покажа како убедлив и за помалку од две децении, компанијата се зголеми во глобален бизнис кој опфаќа широк спектар на производи. Од машка и женска облека, до лиценцирање договори во обувки, парфеми, часовници и многу повеќе.
Денес Tommy Hilfiger е модна икона.
Инспириран од неговиот татко кој работел 42 години како часовничар, Tommy Hilfiger во 1985 започнал да ја дизајнира својата колекција на рачни часовници. Ставајќи ги неговите извонредни таленти и непогрешливи модни инстинкти на тест, Tommy Hilfiger зачекори и во улогата на дизајнер на часовници.
Во 2001 година Tommy Hilfiger започнува експлузивен договор со Movado Group, која се стекнува со лиценца за производство и дистрибуција на часовниците и нaкитот Tommy Hilfiger. Денешните часовници на Tommy Hilfiger остануваат верни на оригиналниот концепт на дизајнот на брендот. Задржувајќи го спортскиот традиционален Американски дизајн, Tommy Hilfiger часовниците се карактеризираат со модерни модели изработени од челик, мултифункционални модели и модели со стоперка, до шик модели изработени со вистински дијаманти.
Нема коментари