Модниот бренд „Лејн Брајант“ кој специјализира креации за жени со облини и облека со XXL величини, новата рекламна кампања за есен 2015 ја лансира заедно со хаштагот #PlusIsEqual со која бара поголема разновидност во модата. За кампањата беа ангажирани топ моделите во делот на plus size како Кендис Хафин, Ешли Греам, Џорџија Прат, Сабина Карлсон, а фотографиите го најдоа својот пат и во септемврискиот број на американски Vogue, со што се отвора патот за модата за жени жени со облини и во најпознатото модно списание. Тоа значи и нова освоена битка за рамноправност на XXL модата со онаа популарната, како и праќање на порака за самодоверба кон сите жени со различни облици на тело.
Нема коментари