Еден од најносталгичните козметички производи се иконските сјаеви Lancôme Juicy Tube, екстра популарни во првите години на новиот милениум. Тој период беа задолжителен дел од шминката, а на врвот на популарноста се продаваа 20 Juicy Tube сјаеви секоја минута. Во 2018 година Lancôme одлучи да го прекине производството на овие сјаеви, но имаме убави вести. На 1 мај годинава компанијата ги врати легендарните сјаеви, и по повод 20-годишнината од лансирањето, претстави колекција 20 сјаеви. Десет се старите и оригинални сјаеви, со истите бои и сјајни и светкави формули, а другите десет се со нови нијанси и модернизирани финиши – со кремаста и форма на желе.
Нема коментари