Под мотото „секоја роза има своја приказна“, четири години во ателјето на младата дизајнерка на модни додатоци Мартина Танаскоска, се раскажуваат роматични и урбани модни приказни. Под својот бренд La Martina Monroe создава венчиња, ленти, шноли и други украси за на глава со цветови, по кои стана една од најпрепознатливите современи дизајнери на модни додатоци кај нас. Во меѓувреме нејзините модни круни добија и неколку нови модификации: создаде модели со кристали, бисери, свилени и кадифени ленти , а направи и плетени турбани. Понудата ја прошири со ѓердани, чокери, алки, зимски капи, стегачи, шешири, брошеви, накит, појаси и свадбени букети од вештачко цвеќе. Дeновиве интензивно работи на својата нова колекција пролет-лето 2017 наречена URBAN GIRL, која премиерно ќе биде претставена на 30 март, во рамки на второто издание на Fashion & Lifestyle Expo.
- Со огромно задоволство, ја прифатив поканата да учествувам на Fashion & Lifestyle Expo. Моето гостување е на 30ти март во 17 часот, на главната сцена во холот на МОБ. Тема на работилницата, одлучив да биде промоција на новата колекција – “URBAN GIRL”.
Колекцијата е всушност последователна на онаа зимската “Snoflakes” која направи своевиден бум. Моето работење и креирање достигна кулминација. Па и оддтаму ја „црпев “ инспирацијата за оваа пролет / лето колекција. Ќе има и летни турбани -”URBAN GIRL” е составена од неколку видови на аксесоари. Must have и препознатливи за мене се венчињата. Овој пат тие се обложени со памучни ткаенини, во понеутрални бои, со пруги дезен кој е актуелен секоја сезона. И на самите венчиња има извезено големи кристални камења како штрас. Може да се носат во дневна, кежуал варијанта, со фармерка, бела boyfriend кошула и оксфордки или пак во вечерна со некој пастелен фустан со ѕвон ракави .
Вториот дел од колекцијата е составен од турбани, и турбан- венчиња.
За сите оние девојќи кои имаат потешкотии да врзат турбан, тука се траките и турбан венчињата кои ја имаат истата функција. Изработени од свилени материјали, со цветни принтови, и бои и форми инспирани од морнарскиот свет. За прв пат во оваа колекција го вметнувам и тексасот, како материјал за кој нема сезона и мода, секогаш е ин. Така да урбани девојќи спремете се.
И третиот дел се чокер ланчињата, оние припиени ланчиња препознатливи за хипи стилот и 70тите години, кои на голема нога се вратија од минатата година. Па следејќи ги трендовите, ги адаптирам на мојот стил и креирам нешто што најпрво ја сакам да го носам, а не можам да го најдам. Па така има и тексас чокери, со по некое кристалче и бисерче.
*Која е главната специфика на моделите, по што се разликуваат од тоа што досега го имаш креирано, а во што остануваш доследна на својата работа?
- Оваа колекција досега е поразлична од се што имам креирано. На прв поглед е доста едноставна и состои парчиња кои може да се носат без повод, но со причина за да бидете модерни. Но кога ќе ја видите одблиску, ќе пробате некое од парчињата, оние кои ја познаваат мојата работа, ќе ја препознаат La Martina Monroe во секое парче. Дали тоа се големите кристали во форма на цвет, или цветните принтови, се потајно зборува за онаа приказна која ја пишувам веќе четврта година, “Every rose has a story, to tell…”
*Најавуваш интересен концепт на презентација, интерактивен кој ќе резултира и со награда… Може ли да ни раскажеш каква е замислата?
- Бидејќи мојот концепт на работа досега бил само по нарачка и custom made парчиња, оваа колекција сама по себе е евоулутивна. Досега не сум имала подготвени венчиња, достапни вака да се пробаат. Поради тоа се одлучив за сите учесници и посетители на саемот, да им го пружам тоа задоволство, во живо да ги видат , да ги пробаат и да се сликааат со аксесоарите. Идеата на презентацијата е доста практична, јас немам што многу да зборувам и објаснувам, тоа се рачни изработки , и мојата работа сама по себе „зборува“. Ќе има позадина адекватна на колекцијата. Бидејќи пролетта ни пристигна на голема врата, температурите и сонцето си го направија своето, се надевам и на 30-ти ќе биде така, ги повикувам сите кои ќе дојдат да бидат насмеани, да не се срамат и да се сликаат. Фотографиите да ги објават на социјалните мрежи instagram или facebook, со тагнување на нашите официјални профили, и користење на hashtag: #LaMartinaMonroe за да истите може да ги проследиме. Трите најкреативни фотографии (учеснички) ќе добијат подарок, аксесоар изненадување.
*Зимава беше актуелна со плетени капи и турбани украсени со бисери, во кој ги спојуваш корисното , модерното и уникатното. Како поминаа овие модели и колку ови три предуслови ти се важни при дизајнирање додатоци?
- Зимската колекција како што кажав погоре, имаше неверојатен одзив кај купувачите, условно речено, во период од три месеци се почуствував како да сум фабрика, поради обемот на изработка ( хахахаха). Можам да кажам дека како што на почетоците направив boom со цветните круни , така сега после четири години се повтори тоа со капите и турбаните, но во доста поголем одзив. Ја сум презадоволна, а верувам и сите насмеани девојќи кои ги носеа додатоците. Во создавање на секое парче, двигател ми е ова свето тројство (да е носливо, модерно и уникатно). Аксесоарите за мене по дефиниција треба да бидат впечатливи, затоа и се додатоци . Па оттука на секое парче му посветувам многу љубов, време и сензибилитет, и кога ќе го соберете сето ова добивате уникатност, која секако е впелатлива. Секоја колекција настанува така спонтано, правам нешто што прво јас да го носам , па потоа и да го понудам на моите девојќи. Всушност вашата индивидуалност во стилот, секогаш се изразува преку уникатните додатоци , а јас тие ги правам по ваша желба, со цел да се издвоите од толпата.
*Украсите за на глава се твој заштитен знак. Дали гледаш предизвик во создавање други додатоци , како чанти , брошеви , ѓердани… Може ли да очекуваме од тебе новини на тој план?
- Денес веќе може скоро се да најдете кај мене Од украси за коса, цветни венчиња, бисерни круни, шноли, плишани и ленти од тантела, стегачи, шешири, брошеви, накит, појаси, свадбени букети од вештачко цвеќе. Минатата пролет – лето 2016 колекција беше поразлична од сè досега што сум правела. Освен венчиња и украси за коса, La Martina Monroe почна со изработка на накит. Следејќи ги трендовите почнав со изработка на чокери (припиени ланчиња) од најразлични материјали, кадифени, чипкани, кожни , кристални … Потоа поради побарувачка почнав и со нараквици, од истите материјали. Долго време ја зборев и ја спремав, и неодамна ја изработив и првата колекција за момчиња. Таа се состои од вратоврски, пеперутка- машни и марамчиња, изработив и брошеви за ревер, мали ружи од ткаенини. Така да од горе наведеното уште чанти не сум направила, но минатото лето украсив за себе една со шарени топчиња.
*Какви ти се плановите за развој на брендот оваа година?
- Непомислувајќи дека ќе се развие во оваа форма, мојата приказна за La Martina Monroe , дека ќе станат толку познати и побарувани моите аксесоари, и дека ќе ја достигне формата на бренд (со радост можам да се пофалам дека веќе имам етикети на сите мои ракотворби), веќе спонтано си доаѓа идеата за свое катче кое ќе е достапно за сите. Па желбата за студио, се надевам ке се изреализира до крај на оваа година.
Нема коментари