Дизајнерот на чевли Кристијан Лубутан го сака Египет, што може да се забележи во декорот во неговиот апартман во Париз и во фактот што поседува брод-куќа со која редовно плови по Нил, ама и во последната колекција на неговата линија на лакови за нокти инспирирана од скајбејот и митологијата на Древен Египет. Лимитираната колекција нареченаScarabéeсодржи три бои на светкави, металик лакови што потсетуваат на скарабеј, светата бубачка позната како староегипетска амајлија, а претставува симбол на креативната сила на сонцето и повторното раѓање во задгробниот живот. Дизајнерот и самиот позира во лукбукот за колекцијата од лакови во тиркизна, златно-розова и во бронзена боја со зелени тонови.
Нема коментари