Да, постои за лак за нокти со прскање и вашето дотерување никогаш нема да биде исто. Секако, ќе стане полесно и побрзо. Украсувањето на ноктите е една од омилените женски работи, ама нанесувањето на лакот бара трпеливост, време и прецизност. Но, компанијата Nails Inc. развива производ наречен Paint Can – лак за нокти во спреј, кој се базира на формула бојата да се залепи за ноктите, не и на кожата. Како функционира? Прво се нанесува специјална база, ноктите се прскаат со Paint Can околу 20 секунди, се оставаат да се исушат, а потоа ги миете рацете со вода и сапун. Со миењето се отстранува само бојата испрскана на кожата околу прстите, но не и на ноктите. Производот почнува да се продава деновиве, на веб страницата на Nails Inc., во парфимериите на Sephora и на Net-a-Porter, a засега го има во две бои, светло розова и сребрена.
Нема коментари