Како што се менуваат сезоните, така се менуваат и тоновите на нашите нокти. Зимскиот период се преферираат потемни тонови, црвена, зелена, кафена, сина, виолетова, како и црната. Летно време пак, нашите дланки се разиграни со пастелни тонови на розова, сина, жолта, портокалова, лаванда, и светкави додатоци.
За многумина е излишно да се зборува за трендови во боите на лак за нокти летно време, бидејќи сезоната сама посебе носи потреба од свежина и колоритност. За други тоа е само маркетинг измислица, за да се зголеми продажбата на одреден производ. Повеќето ќе се согласат дека е прашање на избор и на вкус. Но сепак, постојат тенденции што доминираат во сезонскиот маникир предолежн од стилистите и модните куќи.
Сите тонови на сината боја се тренд ова лето – почнувајќи од морнарските, темни тонови, па сè до нежната небесна варијанта. Се носат и сребрени и т.н. „спејс“ нијанси, на сивата и графит бојата, со ситни светки. Во предлозите на светските маникир-мајстори се и повеќе тонови на пудра, крем и розовата , виолетовата , како и неколку ниајнси на коралната (портокалова, розова и црвена) боја.
Нема коментари