Лејди Гага која во моментов го промовира својот нов филм „Куќата на Гучи“, е лицето од насловните страници на Vogue UK и Vogue Italia.
Во подготвувањето на фотосесиите за двете изданија беше задолжена истата екипа – Стивен Мајзел како фотограф, уредникот на британски Vogue Едвард Енинфул како стилист, шинката е на познатата Пет Мекграт, фризурата на Гвидо Палау. Лејди Гага на насловната на италијанското издание носи креација на висока мода на Валентино, на првата страница на британското е во модел на Скјапарели.
Филмот „Куќата на Гучи“, вистинска приказна за озлогласената Патриција Реџани, која ќе го нарачала убиството на својот сопруг Маурицио Гучи, еден од наследницит на модната куќа Гучи, на 25 ноември ќе се прикажува во нашите кина.
Нема коментари