Коинциденција што произлегува од слични дизајнерски идеи или нешто сосема друго, неизбежно беше да се забележи дека Лејди Гага на вчерашното доделување на филмските награди „Оскар“ се појави во бел корсетиран комбинезон од Брендон Максвел, кој неверојатно потсетува на еден модел на македонската дизајнерка Антонија Ристовска од колекција стара две години. Сличноста прво ја забележа музичката новинарка Бранка Костиќ Марковиќ која многу добро ја познава работата на Ристовска, по што на социјалните мрежи реагираа и некои од верните клиентки и фановите на дизајнерката. Идејата е скоро идентична во однос на констуркцијата и на интервенцијата во корсетниот дел, со тоа што креацијата на Антонија е во нежно розова боја.
Без да прејудицираме нешто, ја контактиравме познатата дизајнерка за изјава во однос на сличноста на комбинацијата на славната Лејди Гага со еден нејзин дизајн.
-Да, сличностите веднаш се забележуваат, мои фанови и пријатели веднаш ми пишаа на Фејсбук. Креацијата со која ја споредивте комбинацијата на Лејди Гага е од мојата колекција „Арт ен Деко“ за пролет-лето 2014 и за прв пат ја претставив на мојата самостојна ревија во април 2014 година. Како и целата колекција, ова креација е авангардна, елегантна и раскошна, а во својата основа ја истакнува женската фигура. Самото појавуванње на Лејди Гага во ваква креација искажува голема почит кон престижното доделување на наградите „Оскар“, а за нас како ателје секако инпонира и е потврда колку сме понапред со идеите. Креацијата е одличен избор за неа, бидејќи се работи за авангарден крој и иако е еднобојна и чиста, сепак е доволно специфична и баш во нејзин стил. Според мене на Оскарите најдобро поминува креација која има видлива новина во себе а во исто време да е едноставна и секако да ја износи вистински карактер, вистинска жена – изјави Антонија за Stylist.mk.
Нема коментари