После неколку месеци на исчекување Лејди Гага вчера настапи по паузата на најгледаниот американски спортски настан Super Bowl, облечена во неколку креации со потпис на Atelier Versace, специјално подготвени за овој настан од страна на Донатела Версаче. Пејачка ги отпеа хитовите Bad Romance, Born This Way и новата балада Million Reasons, а на сцената смени три комбинации – светкаво трико со нагласени рамена и чизми од истиот материјал, потоа врз комбнација додаде златка јакна декорирана со Сваровски кристали и златни боцки, а третата комбинација е инспирирана од самиот рагби натпревар и потсетува на дресовите на спортистите. Нејзиниот настап го следеа повеќе 100 милиони гледачи.
Нема коментари